Петар Печков
Објавено: вторник, 16 март 2010
Познатата српска пеачка Ксенија Пајчин ( 32 год) е пронајдена мртва во нејзиниот дом, заедно со нејзиниот дечко црногорскиот манекен Филип Каписода ( 22 год). Пеачката ја пронашла мајка и кога влегле во станот на ќерката. Според српското МВР најверојатно е збор за убиство и самоубиство, дека Каписода прво ја убил Пајчин па потоа само себе си. Покрај неговото тело е пронајден пиштол а тој имал прострелна рана во тилот, додека Пајчин во главата.
Трагедијата се случила во вторникот околу 18 часот во Белград, на улица Никшиќ во населбата Вождовац. Според сведоците, соседите е слушнале два истрели од станот околу 16, 30 часот, кои биле смртоносни за Пајчин и Каписода( тој е брат на познатиот ракометар Петар Каписода). Првичните претпоставки дека мотив за убиството е љубомора. Соседите сведочат дека во истиот стан пред неколку дена имало физичка пресметка меѓу двајцата.
Tweet |